петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Трипуновски: АД Водостопанство наместо да го чисти речното корито на реката Брегалница во Карбинци, одбира да тера бизнис зделки со приватни фирми за багателни цени

Трипуновски: АД Водостопанство наместо да го чисти речното корито на реката Брегалница во Карбинци, одбира да тера бизнис зделки со приватни фирми за багателни цени

Скандалот со злоупотреба на механизацијата во сопственост на АД Водостопанство продолжува‼️ Имено, откако вчера објавив дека механизацијата на АД Водостопанство наместо за чистење на каналите, истата се изнајмувала на приватни фирми за багателни цени, денеска објавувам документ испратен од АД Водостопанство до општина Карбинци откако претходно општината побарала итна интервенција за расчистување на речното корито на реката Брегалница поточно на локација мост на локалниот пат село Долни Балван – село Теренци, истото тоа ја информира општина Карбинци дека нема расположлива градежна механизација за преземање на итни активности, стои во Фејсбук статусот на Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој напиша дека претпријатието во државна сопственост АД Водостопанство нема механизација да си ја врши работата кој со закон треба да ја врши, затоа што претходно истата таа механизација ја изнајмува на приватни фирми по багателни цени и наместо позитивно да одговори на барањето на општина Карбинци за чистење на речното корито на реката Брегалница кое се наоѓа во земјоделскиот регион на Кочанско – Штипско – Светиниколско поле, тие го одбиваат барањето и на тој начин го загрозуваат земјиштето и земјоделските посеви, и се само поради БИЗНИС ЗДЕЛКА со некои приватни фирми на кои им ја изнајмиле механизацијата по пола цена.

– Очигледно е дека единствен интерес на оваа власт и Николовски Путерот како министер се само бизнис интересите и личните богатења на државна сметка. Министерот за скандал Николовски Путерот воопшто не води никаква грижа ниту за земјоделците, ниту за земјоделските површини и поседи. Неговото молчење е доказ дека се што објавувам е вистинито, мислејќи дека ако се скрие позади партиските соопштенија на СДСМ ќе успее да избега од правдата. Но, се излажал. Времето на одговорност доаѓа и секој кој се огрешил пред законот соодветно ќе одговара. Доста е неспособност. Доста е од негрижи. Потребни се промени, кои многу набрзо ќе се случат, додаде Трипуновски во својата објава.

Најнови вести