недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Лепчето на „Жито Лукс“ од 250 грама стигна до 28 денари, производителите велат дека лебот ќе биде уште поскап

Лепчето на „Жито Лукс“ од 250 грама стигна до 28 денари, производителите велат дека лебот ќе биде уште поскап

Нови цени на лебот, уште повисоки, има од вчера во продавниците. Едно мало лепче од 250 грама на „Жито Лукс“ чија цена беше 25 денари, сега е 28 денари. До неодмна, големиот леб од 450 грама, „Жито Лукс“ го продаваше по оваа цена – 28 денари.

Производителите на леб и печива велат дека трошоците, особено за струјата или гасот, им се огромни. Со оглед на високите цени на енергенсите што се најавуваат за зимава, тие велат дека лебот може да биде и уште поскап. Од друга страна, се` уште има неизвесност и за идните берзанските цени на пченицата од новата реколта, пренесува „Слободен печат“.

Во продавниците веќе нема „нормална“ големина на пченичен леб под 50 денари.

Најнови вести