вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home ТВ и Филм

„Џон Вик 4“ ќе биде најдолгиот филм во серијалот, вели режисерот

„Џон Вик 4“ ќе биде најдолгиот филм во серијалот, вели режисерот

Подолгото траење стана заштитен знак на современите филмови, а „Џон Вик 4“ не е исклучок од правилото.

Во интервју за „Колидер“ режисерот Чед Стахелски откри дека претстојниот филм ќе биде најдолгиот во серијалот досега.

„Ќе биде подолг од другите три, но не премногу“, рече тој.

Иако не прецизира, четвртиот во сагата за немилосрдниот одмаздник ќе трае најмалку 131 минута ако се земе предвид „Џон Вик Поглавје 3: Парабелум“.

„Џон Вик 4“ треба да пристигне до 2023 година иако режисерот откри дека снимањето е во завршна фаза, што значи дека премиерата може да подрани.

„Секвенциите се завршени. Филмот е во суштина направен. Веројатно, ќе има уште неколку недели целокупно дотерување, потоа го заклучуваме, а станува збор за звукот, музиката и за ефектите“, додаде тој.