Денес сум во посета на Тиквешкиот регион и мојата цел на посетата е да направам увид, односно да се запознаат директно со ситуацијата која што е на почеток од откупната сезона. Посетив еден откупен пункт каде што моментално се откупува трпезно грозје и имав средба со земјоделците, лозарите од овој регион со кои што поразговаравме за сите актуелни теми. Она што сакам да го потенцирам е дека ситуацијата не е сјајна, односно дека во моментов она трпезно грозје кое се откупува цената е далеку од рентабилна и дека земјоделците не можат да ги покријат своите производни трошоци, а да не зборуваме за екстра профит, односно за задоволување на семејните буџетски потреби, истакна денеска за медиумите, Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.
Тој истакна дека оваа ситуација е повеќе од алармантна затоа што едноставно смета дека министерството и владата требаше многу порано да преземат одредени мерки кои ќе значат стабилизација на цената.
– Она што дополнително сакам да алармирам е дека лозарите кои што ме избрифираа и со кои разговаравме за претстојната реколта, односно бербата на винското грозје од овој регион, практично бербата е на 7 до 10 дена отсега, а цената која треба да биде соопштена се уште ја нема. Ова загрижувачки за лозарите затоа што едноставно не знаат со каква цена, со каков приход можат да располагаат наредниов период. Десетина дена пред почеток на бербата, цената е незамисливо да биде несоопштена. Исто така сметам дека владата и ресорното министерство треба уште веднаш да седнат на заедничка маса со винарските визби, со лозарите од Република Македонија и да договорат цена која што ќе значи рентабилен приход. Знаеме дека инфлацијата си го направи своето, знаеме дека производните трошоци се многу зголемени затоа треба лозарите да добијат пристојна цена која ќе значи и нормално продолжување на егзистенцијата на лозарството во Македонија. Исто така ме потсетија дека имаат неподмирени обврски од претходни години коишто ресорното министерство има обврска да ги исплати како што се минатогодишните штети кои настанаа во овој регион, за жал се уште има недоисплатени субвенции кои ги чекаат лозарите од овој регион, исто така и проблемот кој се случи со наводнувањето оваа година во такви едни катастрофални ситуации каде што нормално ќе влијае на квантитетот на родот од оваа реколта, појасни Трипуновски.
Тој рече дека од оваа средба можеме да се заклучи дека загрижувачка е ситуацијата во тиквешкиот регион, затоа што на самиот старт на оваа сезона ниту имаме цена ниту договорени услови кои малигани ќе се откупува винското грозје.
– Уште еднаш, сакам да упатам сериозен апел до владата и ресорното министерство, да си ги прекинат своите летни одмори и да се појават овде во тиквешијата заедно со винарските визби да најдат прифатливи цени и за лозарите и за винарските визби. Министерството, министерот, владата се тие во кои лежи решение во овој регион, додаде Трипуновски.