Катарина Грујиќ деновиве престојува на црногорското приморје каде има закажани бројни настапи, а за тоа дека има време да ужива во летните денови оценуваат многубројните фотографии кои пејачката ги објавува на социјалните мрежи.
Мајчинството и брачниот живот очигледно и се пријатни бидејќи се пофали со завидна фигура, но најмногу внимание несомнено привлекува ќерката на Катарина Грујиќ и Марко Гобељиќ.
Мама и нејзиното седуммесечно бебе го користат секој момент на најубав можен начин, а покрај уживањето на сонцето и другите активности, времето го поминуваат и во вечерните прошетки.
Пејачката позираше покрај базенот со саканата во раце и ја долови својата убавина во цветен мини фустан, а Катја ја дотерала како вистинска принцеза облечена во преслатко боди и панделка со голема машна.