четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Исфрлете го стресот за една минута: ОВАА ТЕХНИКА многу ќе ви помогне

Исфрлете го стресот за една минута: ОВАА ТЕХНИКА многу ќе ви помогне

Стресот е дел од животот. Ако забележите дека сте веќе на почетокот на денот, уморни, нервозни, тоа значи дека вашиот мозок е “окупиран” со негативни мисли. Стресот останува во нашата меморија и постојано се повторува.

Постои техника која за само една минута може да го реши проблемот!

Благодарение на еден едноставен трик, стресот може да биде историја и вашиот ум да стане јасен и позитивен. Тоа е техника со која се фокусира мозокот на други ситуации и му дава наредба да заборави на стресот и  на стресните повторувачки мисли.

Оваа техника може да се користи насекаде и ќе ви помогне да ги контролирате вашите мисли и да ја “испразните” главата:

Затворете ги очите и  фокусирајте се  на звуците околу вас. Бебе кое плаче, луѓе на улица, колеги кои пишуваат на тастатурата, компјутери, сообраќај.

Земете длабок здив, а потоа издишете, сконцентрирајте се.

Продолжете со длабоко дишење, пет пати едно по друго и максимално фокусирајте се на ова.

За време на дишењето, слушајте го влегувањето на воздухот во телото, преку носот до белите дробови  и почувствувајте како се полнат со воздух,и како воздухот излегува од вашето тело за време на издишувањето. Обидете се да почувствувате каков е воздухот што излегува – топол  или ладен.

Со помош на сетилото за слух, вашиот мозок за еден миг ќе ги запре повторувачките негативни мисли.