вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Вереникот се обиде да ја убие, крвава барала помош на улица: Актерката Ивана преживеа ХОРОР – еве како изгледа денес

Вереникот се обиде да ја убие, крвава барала помош на улица: Актерката Ивана преживеа ХОРОР – еве како изгледа денес

Актерката Ивана Панзаловиќ доживеала страшен инцидент во септември 2017-та година. Имено, нејзиниот вереник тогаш се обидел да ја убие, а потоа се самоубил.

Била погодена со куршум во главата, по што следела операција, но за среќа се опоравила. Покрај сите улоги кои ги имаше, јавноста најмногу ја запозна Ивана преку црна хроника кога нејзиниот вереник испровоциран од жестока расправија се обиде да ја убие, а потоа се самоуби.

Ивана во една прилика откри како гледа на сето тоа што и се случило и дали во нејзина меморија се враќаат сликите од таа страшна сцена.

-Воопшто не се навраќам на тие работи. Тоа за мене е далеку минато време, надминато е и фокусирана сум на сегашното време, иднината, на мојата работа. Всушност, не сакам да зборувам и не зборувам за тоа. Тоа што го правам ми е важно и посветена сум на тоа. Јас сум присутна само во сегашниот момент и гледам само во иднината, рече Ивана.

Ивана по немилиот настан долго време не се појавуваше во јавноста. Таа во еден момент преку социјалната мрежа Инстаграм откри дека е во врска и дека е среќна. После тоа почнале пробите, а таа се вратила на глумата и на боксот. Актерката денес живее максимално позитивно, а многу е активна и на социјалните мрежи.

Да потсетиме, јавноста со денови пишуваше за тоа што се случувало во станот на Дедиње, од тоа што побегнала од станот додека нејзиниот вереник пукал, до тоа дека тој фрлал работи низ станот, па до тоа дека актерката се движела по улица облеана во крв и побарала помош. Откако се бореше за живот во првата недела од септември 2017 година, по тешка операција на мозокот, Ивана доби нов живот.

Најнови вести