вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Мали совети со големо значење: За што да разговарате на првиот состанок?

Мали совети со големо значење: За што да разговарате на првиот состанок?

Првите состаноци се извор на трема и несигурност за многу луѓе, па често се наоѓаме во недоумица за што да зборуваме, како да се однесуваме или што да порачаме за јадење во желбата да го имресионираме соговорникот.

Покрај најголемиот страв од непријатна тишина, повеќето се грижат кои теми да ги одберат за разговор за да ја заинтересираат или барем да не ја избркаат спротивната страна.

Резултатите од низата истражувања го советуваат следново:

Разговарајте за патувања наместо за филмови

Истражувањата покажуваат дека бројот на парови кои на првиот состанок зборувале за филмови, а потоа стигнале и до втор состанок е помал од 9 проценти. За разлика од ова, паровите кои меѓусебно ги откриле искуствата од своите патувања многу повеќе откриваат за себе и со тоа ја будат желбата за втор состанок.

Не се важни само темите за разговор

Тајната е во начинот на кој разговарате. Доколку премногу зборувате и не му дозволувате на соговорникот да дојде до збор, мали се шансите за втор состанок. Истото важи и ако зборувате премалку – златната средина е вистинскиот избор.

Откријте тајна за себе

Истражувањата покажуваат дека откривањето на некоја своја тајна пред соговорникот ја засилува врската помеѓу двајцата. Нормално, преголемата или срамна тајна може да го предизвика спротивниот ефект, па затоа трудете се да откриете нешто симпатично за вас што никој друг не го знае.