петок, 8. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

На „Табановце“ се чека околу половина час

На „Табановце“ се чека околу половина час

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце чекањето е околу половина час за излез од државата. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Најнови вести