четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Општина Гази Баба субвенционира вградување на уред за течен нафтен гас на возилата

Општина Гази Баба субвенционира вградување на уред за течен нафтен гас на возилата

Општина Гази Баба од денес 23.08.2022 година распиша Јавен повик за субвенционирање на дел од трошоците за купување и вградување на уред за погон на течен нафтен гас, метан или друг вид на алтернативно гориво во возилата за граѓаните на подрачјето на општина Гази Баба за 2022 година.

За јавниот повик, на социјалните мрежи информираше градоначалникот Стефковски кој на својата официјална страна на фејсбук напиша:

Субвенционирање на граѓаните за вградување на уред за погон на течен нафтен гас, метан или друг вид на алтернативно гориво во возилата за граѓаните на општина Гази Баба.

За прв пат општина Гази Баба ги субвенционира граѓаните за вградување на уред за погон на течен нафтен гас, метан или друг вид на алтернативно гориво во возилата.

Јавниот повик е објавен денес 23.08.2022 година и ќе трае се до исцрпување на финансиските средства определени во буџетот на општина Гази Баба за 2022 година.

Уште едно ветување кое го дадов пред граѓаните станува реалност!

За условите за учество на јавниот повик граѓаните можат да се информираат на следниот линк: http://gazibaba.gov.mk/…/a-v-e-n-p-o-v-i-k-za…

Ги повикувам граѓаните да ја искористат можноста и да аплицираат. – напиша Стефковски.