четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Откако МОН ги укина средствата: Општина Битола ќе ги исплати трошоците на „Мал Битолски Монмартр“

Откако МОН ги укина средствата: Општина Битола ќе ги исплати трошоците на „Мал Битолски Монмартр“

По објавата на „Апелот за спас на Малиот Битолски Монмартр“ на социјалните мрежи, во кој се вели дека Министерството за образование и наука ги укинува средствата наменети за оваа институција, општина Битола и Советот на општината,  застануват зад делото на Коста Хаџиантоновски, творецот на најголемата и најзначајна детска ликовна колонија кај нас и во светот, која 41 година е македонски бренд во светот.

Со ребалансот на буџетот, до крајот на оваа година, ќе бидат одвоени средства за исплата на плата на едно лице (технички секретар) и трошоците за струја, со што ќе продолжи функционалноста на оваа институција.

Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј”, веќе 41 година е организатор на најстарата светска детска ликовна колонија „Мал Битолски Монмартр“.  Низ изминатите децении, илјадници детски цртежи од оваа колонија ги красат ѕидовите на престижни институции во државата, а секој мај, Битола е исполнета со џагорот на децата – ликовни уметници од целиот свет.