Пред неколку години актуелна беше приказната за Тијана Дапчевиќ, која отворено кажа дека посакува уште едно дете, но желбата досега не и се исполнила. И тогаш во јавноста излезе вистината дека имала голема среќа што го добила синот Вук, бидејќи само една година пред неговото раѓање доживеала губење на бебето во третиот месец од бременоста.
Спонтаниот абортус на Тијана Дапчевиќ силно се одрази на пејачката, а нејзиниот син пристигна како благослов кога таа почна да губи надеж.
-Пред да бидам бремена со Вук, имав спонтан абортус. Го изгубив бебето во деветтата недела од бременоста! Толку многу сакав да останам бремена, а кога конечно се случи, бев пресреќна. И тогаш целиот свет ми се сруши! Ми беше многу тешко. За Милан и мене, тоа беше најголемата траума што некогаш сме ја доживеале. Имав среќа што налетав на лекар од ГАК „Народни фронт“, кој ми го спаси животот! И не само што ме лекуваше, туку ми пружи и психолошка поддршка. Ми рече: “Само опушти се и ќе имаш бебе за една година!” Така и беше, изјавила пејачката.
Како што изјавила, овој абортус бил вистински пекол за неа и нејзиниот сопруг, но придонел и за зајакнување на нивната врска.
-Кога го изгубив моето бебе, поминувавме низ пекол, но не ни помислувавме да се разделиме. Не направи посилни. Милан секогаш беше покрај мене, дури и во тие најтешки моменти. Отсекогаш сум велела дека ќе родам машко дете, синот на мајка, кој ќе личи на мене. Тоа е Вук. Тој е навистина ист како мене. Никогаш не зажалив што имам само едно дете, Вук ми вреди за десет, посочи Тијана.