петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Меланија заработи околу 100.000 долари од авторски права за нејзини фотографии

Меланија заработи околу 100.000 долари од авторски права за нејзини фотографии

Од стапувањето на нејзиниот сопруг на должноста претседател на САД, Меланија Трамп заработила стотина илјади долари од фото-агенцијата Гети, за објавување на нејзини фотографии, објави Ен-Би-Си Њуз.

Неодамна објавениот финансиски извештај за претседателот Трамп открива дека фотогеничната прва дама во 2017 година заработила најмалку 100.000 долари за употреба на 187 фотографии направени меѓу 2010. и 2016 година.

Доселеничка во САД од Словенија, Меланија Трамп имаше кариера на манекенка пред да се омажи со Доналд Трамп.

Најнови вести