четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Бруклин Бекам сподели видео од кујна, обожавателите не се воодушевени: Оваа пица изгледа ужасно

Бруклин Бекам сподели видео од кујна, обожавателите не се воодушевени: Оваа пица изгледа ужасно

Бруклин Бекам, најстариот син на Дејвид и Викторија Бекам, веќе извесно време споделува видеа на својот инстаграм-профил на кои подготвува различни јадења, но судејќи по коментарите, неговите следбеници не се многу воодушевени од неговите кулинарски вештини.

23-годишниот син на познат фудбалер сè уште го бара својот професионален пат, а во последно време се занимава со кулинарска уметност.

Сега во објава на својот инстаграм-профил ја покажа својата вештина во правење домашна пица, а многумина не беа задоволни од исходот.

Во видеото, Бруклин ги меша вообичаените состојки за тесто – брашно, квасец и маслиново масло со чаша вода. Додека чекаше тестото да нарасне, го направи сосот од домати и ги испржи печурките. Откако ги нареди состојките и ја испече пицата, ја украси со ливчиња босилек.

„Сериозно? Конзервираните домати и свеж лук се основата за вашиот сос?“, „Оваа пица изгледа ужасно“, „Ова не е доволно испечено“, „Едноставно престани“, се дел од коментарите на следбениците кои го критикуваа неговиот кулинарски потфат.

Сепак, на некои луѓе им се допадна неговата пица и му рекоа дека станале гладни откако го гледале видеото. Некои дури го советуваа дека можеби треба да отвори посебен профил каде ќе објавува само содржини од кујна.

Неодамна, Бруклин го запозна популарниот тиктокер Даниел Мек, кој е познат по тоа што оди по улица случајно барајќи возачи на скапи автомобили и ги прашува што прават во животот за да си го дозволат тоа. Кога се сретнаа, Бруклин се возел низ Беверли Хилс со неговиот црвен Мекларен П1. Кога Мек го праша како заработува за живот, Бруклин му одговори дека е готвач.

„Се трудам да бидам. Само следете ја вашата страст. Што и да ве прави среќни, само продолжете да го правите тоа“, додаде тој.

Мек објави видео од таа средба, а многумина напишаа негативни и саркастични коментари за младиот богаташ. Автомобилот што го возел Бруклин чини 1,2 милиони долари и произведени се само 375 примероци од тој автомобил во светот.

Најнови вести