среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

На „Табановце“ се чека околу 40 минути, на „Богородица“ половина час

На „Табановце“ се чека околу 40 минути, на „Богородица“ половина час

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини вечерва е умерен. Поради зголемена фреквенција на возила на ГП „Табановце“, времето на чекање за влез и излез од државата е околу 40 минути, а на ГП „Богородица“ времето на чекање за излез од државата е околу 30 минути.

На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.  (МИА)

Најнови вести