петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Уште една лага на Филипче: Ветуваше бесплатно здравство за млади, ама не предвиде пари

Уште една лага на Филипче: Ветуваше бесплатно здравство за млади, ама не предвиде пари

Премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче се расфрлаат со информации за бесплатно болничко лекување. И повторно се фатени во лага.

Во Програмата за обезбедување средства за бесплатно болничко лекување за пензионери за 2018 година предвидени се средства во висина од 48 милиони денари. И тоа 18 милиони денари од буџетот на државата, а 30 милиони денари од Министерството за здравство. Ова е одлука објавена во Службен весник на 26 јануари годинава.

Истата се менува, односно освен за пензионери се предвидува истото да важи и за здравствени услуги за деца на возраст до 18 години, чии семејства се корисници на правото на социјална парична помош. Измените на првичната одлука од јануари се објавени во Службен весник на 7 јуни, но иако се внесува уште една категорија корисници – млади, сумата, и во оваа изменета и дополнета одлука, е во иста висина или 48 милони денари.

Министерот Филипче и владата предводена од  СДСМ уште еднаш се фатени во лага.

Филипче пред околу два месеци на настан заедно со министерката за труд и социјална политика Мила Царовска ја најавија оваа мерка за младите до 18 години.

Но, Филипче на тој настан рече дека станува збор за програма која ќе ја спроведува Министерството за здравство со која ќе бидат опфатени 20.000 лица и од буџетот се одвоени 20 милиони денари.

Каде се овие 20 милиони денари кои како што рече Филипче ќе бидат потребни за младите од оваа категорија?

Во изменетата мерка се предвидува бесплатно болничко лекување за пензионери, во која се додаваат и младите до 18 години, а значи износот е ист – 48 милиони денари. Или и во мерката од јануари наменета само за пензионери, и во онаа, дополнетата, за млади до 18 години, сумата е иста – 48 милиони денари, и не се менува за 20 милиони денари кои Филипче ги најави дека се потребни за младите.

Филипче уште еднаш е фатен во лага. Или 48 милиони денари за бесплатно болничко лекување на пензиониери, и за младите до 18 години.

Оттука се поставува прашањето: Дали за да го исполни ветувањето, Филипче ќе крати пари од пензионерите?

Друго прашање е дали на болниците кои бесплатно ќе ги лекуваат овие млади лица, потоа нема да им бидат исплаќани буџетски пари што ќе предизвика долгови за болниците.

Најнови вести