вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

За поглед кој соборува од нозе: Домашен третман за подолги и подебели ТРЕПКИ преку ноќ (РЕЦЕПТ)

За поглед кој соборува од нозе: Домашен третман за подолги и подебели ТРЕПКИ преку ноќ (РЕЦЕПТ)

За трепки како од салон

Очите често се првото нешто што луѓето го забележуваат кај вас, а доколку дополнително се нагласат со убави, долги трепки, нема сомнеж дека тие ќе станат вашето најдобро оружје за заведување.

Маскарата е ефективна алатка, но некои жени едноставно природно немаат долги и дебели трепки.

Поради ова, многумина прибегнуваат кон надградби, што понекогаш може да биде многу забележливо, а она што е вештачко често е непривлечно.

Доколку сакате да го стимулирате растот на трепките, можете да направите и домашен гел кој делува релативно брзо. Се прави од 3 состојки кои можете да ги набавите во аптека, а пред да го користите не би било лошо да се консултирате со лекар за можни алергии.

Состојки:

– чист гел од алое вера

-1 ампула витамин Е

– рицинусово масло

Подготовка:

Истурете гел од алое вера, ампула витамин и неколку капки рицинусово масло во тегла која претходно сте ја стерилизирале. Сè добро измешајте и чувајте во фрижидер. Најдобар начин за нанесување на гелот е со стара четка за маскара, која треба добро да ја измиете пред употреба.

Доколку имате чувствителни очи, нанесете го гелот само на горниот раб на трепките, за да го намалите ризикот од иритација. Ако забележите некаква иритација, престанете да го користите овој производ и консултирајте се со лекар.