четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Утре е прекрасен ден да бидете хумани: Донирајте крв на големиот празник

Утре е прекрасен ден да бидете хумани: Донирајте крв на големиот празник

Црвен крст на Република Македонија – Општинска организација Центар и Институтот за трансфузиона медицина, на 28.08.2022 година, традиционално, по јубилеен 20-ти пат, ја организираат крводарителска акција по повод празникот Успение на Пресвета Богородица.

Крводарителската акција ќе се спроведе во Домот на АРМ, од 09:00 до 17:00 часот.

Целта на акцијата е да се обезбедат поголеми количини на крв во летниот период, заради можноста од недостаток на крв и крвни деривати. Оваа акција веќе 19 години ја покажува големата хуманост на граѓаните на град Скопје. Започнувајќи со 146 дарувања во 2003-та година, денеска, по 19 реализирани акции, се зборува за вкупна бројка од 4186 единици крв, или во просек 210 крводарители по акција.

Најнови вести