среда, 3. јануари 2024. Вести денес: 0
home Познати

Сиена Милер во модно парче кое ќе биде хит оваа есен: Ѝ прилега на секоја жена, а може да се носи и во дневни и вечерни варијанти

Сиена Милер во модно парче кое ќе биде хит оваа есен: Ѝ прилега на секоја жена, а може да се носи и во дневни и вечерни варијанти

Актерката и модна икона Сиена Милер прошетала на улиците на Лондон во модел на фармерки кој ќе биде хит оваа есен.

Станува збор за тексас комбинезон кој Сиена го искомбинирала со бела маица на прерамки и кафеави папучи со потпетица. Изданието го надополнила со сламена чанта, златни висечки обетки и очила за сонце во кафеава нијанса.

Според модните експерти, овој модел на фармерки ќе биде вистински хит претстојната сезона, а можете да го носите и кога излегувате навечер со тоа што ќе го искомбинирате со високи потпетици, малку поелегантен топ и модерно сако.

Најнови вести