четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Причините за смртта на Маја Паневска се уште се непознати

Причините за смртта на Маја Паневска се уште се непознати

Во Kлиничкатa болница се уште не се пристигнати извештаите од Комисијата за здравство и од Судска медицина, со кои што ќе се утврди и ќе се знае кои се причините за смртта на 28-годишната родилка Маја Паневска од Свети Николе. Таа почина пред 20 дена на акушерското одделение, девет часа откако роди здраво машко дете.

– Комисијата треба да го напише извештајот, кој наверојатно ќе го достават до оние кои ја формирале таа комисија. Ние засега немаме никаков пишан документ, ниту од комисијата, ниту за обдукцијата, која се изврши врз починатата родилка. Во моментов немаме никакви информации, кои би можеле да ги споделиме со јавноста, рече директорот на Клиничката болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев.

Од Министерството за здравство соопштија дека извештајот за смртта на родилката е во фаза на изработка, по што наскоро ќе биде доставен до Клиничката болница во Штип.

МИА

Најнови вести