Во вториот во однос на првиот квартал годинава трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 3,8 проценти, трошоците за материјали за 0,2 проценти, а трошоците за вработените за 12,5 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.
Во второто тримесечје од 2022 година, во споредба со второто тримесечје од 2021 година, трошоците во
градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 20,7 проценти, трошоците за материјали за 19,8 проценти, а трошоците за вработените за 22,6 проценти.
Податоците за трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се наменети за
преиспитување или следење на трошоците направени од градежните претпријатија при изведувањето на процесот на изградба на нови објекти за индивидуално домување. Главни корисници на тие податоци се градежните претпријатија кои се повикуваат на движењето на трошоците во градежништвото во калкулациите при склучувањето на градежните договори. (МИА)