среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Фестивал на џез, ворлд и современа музика од 4-10 септември во Велес

Фестивал на џез, ворлд и современа музика од 4-10 септември во Велес

Велес од секогаш бил познат како град на културата кој дал многу звучни имиња. Затоа сум посебно горд што во само 10 месеци од мојот мандат успеавме да го вратиме сјајот на постоечките, но и создадовме нови манифестации.

Токму затоа на денешната прес-конференција го најавивме првото издание на новиот Фестивал на џез, ворлд и современа музика. Фестивалот кој ќе се одвива од 4-10 септември на неколку локации во градот е под покровителство на Општина Велес, а во организација на Здружението на граѓани АРТ ГЕНЕРАТОР од Велес.

Повеќе околу програмата може да видите на https://www.facebook.com/events/826884328675723, а јас ве поканувам во наредните денови да уживаме во музика и се она што ни го подготвија.

Велес живее!, пишува насвојата Фејсбук страница градоначалникот на општината Марко Колев.