Милица Јеремиќ, ќерката на Мира Шкориќ, го кажа судбоносното „да“ на својот избраник.
На свадбената веселба која се одржа во еден елитен ресторан присуствуваа голем број познати личности, претежно членови на естрадата и политичката сцена.
Бидејќи Милица Јеремиќ никогаш не сакала да се експонира во јавноста, идентитетот на нејзиниот избраник остана непознат.
Единствено се знае дека се вика Себастијан и дека е вработен во белградска фирма која се занимава со изградба на луксузни станбени комплекси.
Инаку, ќерката на Мира Шкориќ дипломирала на Медицинскиот факултет и работи како доктор.