Објавена е листа со топ 20 најпопуларните имиња на бебиња оваа година, а разликата меѓу британската „Baby Centre“ и американската „Name Berry“ е многу мала.
Единствена поголема разлика е тоа што женското име Амара, на американската листа е на второто место, додека кај Британците не е ниту во првите 20.
Оливија е најпосакуваното име и тоа на двете листи го зазема првото место, додека другите најпосакувани женски имиња се: Софија, Амелија, Лили, Емили, Ава, Исла, Миа, Изабела, Ела, Шарлот, Грејс, Ив, Маја, Харпер, Софи, Лајла и Фреја.
Во оваа година родителите машките деца најчесто ги крсите со следните имиња: Оливер, Ноа, Џорџ, Хари, Лео, Чарли, Џек, Фреди, Артур, Алфи, Оскар, Хенри, Џејкоб, Арчи, Џошуа, Тео, Ихан, Лукас и Логан.