сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Што се случува во телото на жената за време на менструацијата? Хормоните се главни виновници за сè

Што се случува во телото на жената за време на менструацијата? Хормоните се главни виновници за сè

Најголема улога во женското репродуктивно здравје имаат хормоните кои регулираат голем број процеси во организмот.

Така, под влијание на хормоните може да се забележат одредени појави во телото на жената за време на менструалниот циклус, како физички така и емоционално.

Покрај тоа што главните симптоми на менструацијата се болни грчеви во абдоменот, најверојатно жената ќе има отечени и болни гради за време на циклусот, зголемен апетит и често слабост и гадење. Покрај тоа, многу честа промена кај повеќето жени е надуеноста, најчесто во пределот на стомакот.

Повеќето од симптомите продолжуваат во текот на самиот менструален циклус, а најголемите промени всушност се случуваат на полето на емоциите.

Промени на емотивен план
Во периодот по овулацијата (кога јајниците ја ослободуваат јајце клетката), доаѓа до зголемување на хормоните естроген и прогестерон, поради што многу жени доживуваат промени во расположението. Овие хормони патуваат низ крвотокот до мозокот каде што се мешаат со хемикалии наречени невротрансмитери. Поради ова се појавува нервоза, раздразливост, чувствителност и други промени на емоционално ниво. Исто така, поради потребата на телото да се подготви за потенцијална бременост за време на овулацијата, постои зголемена потреба од храна со цел телото да ги зачува потребните масти за правилно функционирање. Менструалниот циклус вклучува период на крварење кое може да трае од 2 до максимум 7 дена. Во тој период жените се претежно збунети, имаат проблем да ги изразат своите емоции на вистински начин, а често имаат желба да бидат сами и да го пребродат тој период со слатки и филмови.

Промени на психолошко ниво
Многу често, луѓето склони кон анксиозни нарушувања во предменструалниот период ја доживуваат таканаречената „акумулација“ на емоции. Тоа се случува затоа што во тој период се зголемува нивото на кортизол или хормонот на стресот. Доколку во овој период не ги третираат своите мисли на вистински начин, можно е да им се појави панично растројство. Сепак, тоа не треба да биде проблем, бидејќи со поминување на ПМС – и емоциите ќе се стабилизираат.