Спомен обележјето на пејачот Шабан Шаулиќ, кој загина во сообраќајна несреќа во Германија на 17-ти февруари 2019 година, денеска во Шабац беше откриен во присуство на неговото семејство, бројни колеги од естрадата и граѓани.
Кралот на народната музика се врати во родниот град на денот кога ќе наполнеше 71 година (роден е на 6 септември 1951 година) и во местото од каде тргна да ја освојува музичката сцена.
Бронзената скулптура на Зоран Ивановиќ и Богдан Доброта беше поставена каде што порано беше автобуската станица, а во близина е неговото родно место.
-Тажни сме и тагата никогаш нема да помине, а денес сме и горди што Шабан денеска се врати во Шабац, каде ја помина младоста и од каде пред околу 50 години замина од ова место во големиот град, го освои светот со своите ангелски глас, врвна уметност, добрина и чесност, изјави сопругата Гордана.
Сепак, дел од фановите се разочарани и велат дека бистата воопшто не наликува на Шабан.
Најголем дел од оние кои ја погледнаа, се воодушевени.
Што мислите вие?