Филмот „Мртав ладен“ сè уште е еден од омилените на многумина, а речиси секој ден можеме да слушнеме некоја реплика од оваа продукција.
Една од првите асоцијации на овој филм е секако слаткото девојче чија „Neću da ti kažem ćelavi“ и денес го цитираат речиси сите.
Одлично ја глумеше Тара Маниќ, а многумина се прашуваат каде е денес и како изгледа.
Тара денес има 27 години, дипломирала театарска режија на Факултетот за драмски уметности и претежно режира претстави.
За нејзините изведби добила признанија ширум светот, а во една прилика открила дека споменатата реплика ја немало во сценариото за филмот и дека постар колега и кажал што да каже пред да ја снима сцената.
Никој од нив тогаш немаше поим дека таа реченица ќе стане легендарна.
View this post on Instagram