вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

„Убиениот нарко бос Вукотиќ кој од Спасовски доби македонски пасош правел криминал низ светот со помош на истиот“

„Убиениот нарко бос Вукотиќ кој од Спасовски доби македонски пасош правел криминал низ светот со помош на истиот“

Антимакедонската СДС работи за криминалците. Мафијашите кои добија македонски пасоши од Спасовски се пресметуваат низ светот. Нарко босот Јован Вукотиќ кој од МВР на Спасовски доби македонски пасош во Драчево на име Ѓеорѓи Андонов вчера во мафијашка пресметка е убиен во Турција. Вукотиќ имаше македонски пасош со кој слободно се движел и ги користел придобивките на истиот, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека Вукотиќ слободно се движел со помош на македонската патна исправа и неодговорено ќе остане колку кривични дела направил со помош на истата.

– Вукотиќ како познат мафијаш кој извршувал голем број на кривични дела тоа го правел и со помош на пасошот кој му е издаден од МВР на Спасовски. Криминалците на кои антимакедонската СДС им издаде македонски патни исправи се шетаат низ светот со нив правејќи огромен криминал. Спасовски за оваа афера не одговараше и одговорноста се сведе на неколку полициски службеници. Спасовски го наруши кредибилитетот на државата и МВР како институција. Спасовски треба да понесе одговорност за злоупотребата на функцијата и институциката со која раководи, се додава во партиското соопштение.

Најнови вести