среда, 17. јануари 2024. Вести денес: 0
home Скопје

Општина Кисела Вода ќе го собира кабастиот отпад од домаќинствата

Општина Кисела Вода ќе го собира кабастиот отпад од домаќинствата

Општина Кисела Вода ја продолжува практиката за собирање на кабаст отпад по урбани и месни заедници на својата територија. Со оглед на фактот што дложување на кабастиот отпад на несоодветни локации претставува проблем за домаќинствата, oпштината информира дека во период од 19 септември 2022год до 30 септември 2022 година преку Секторот за месна самоуправа на Општина Кисела Вода, ќе бидат ангажирани одговорни лица и сезонски работници кои секојдневно ќе го собираат кабастиот отпад од пред домаќинствата или колективните згради на територија на општина Кисела Вода.

Секој жител на општина Кисела Вода, една седмица претходно, во периодот од 12.09.2022 до 19.09.2022 година, ќе може да закаже термин за бесплатно подигнување на кабастот отпад, на телефонскиот број 02/2785-427, секој работен ден од 09:00 до 15:00 часот.

Граѓаните кои ќе сакаат да им биде собран и одложен кабастиот отпад се должни истиот да го одложат пред нивниот објект на безбедна локација, со што не би ја загрозиле безбедноста на пешаците, велосипедистите и останатите учесници во сообраќајот кои ќе се движат во тој период.

– Уште еднаш, сакаме да апелираме за одговорно однесување на секој поединец со кое се придонесува за зачувување на чистотата и животната средина, што е наша заедничка цел, посочуваат од општина Кисела Вода.