вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Николоски: Советникот на Заев директно преговарал со грчката страна за промена на името

Николоски: Советникот на Заев директно преговарал со грчката страна за промена на името

Александар Николоски, потпретседателот на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ во емисијата 60 минути на телевизија Алфа, изјави дека најплатениот советник на Заев, Зоран Башановиќ директно преговарал со Грција за промената на уставното име на Република Македонија.

Николоски го спомена фамозното славење на Нова Година на Заев во Солун каде требаше да присуствува и грчкиот премиер Ципрас, но сепак на крајот Заев ја помина вечерта со солунскиот градоначалник Бутарис.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека додека Заев бил во Солун, Ципрас славел Нова Година во Белград заедно со Зоран Башановиќ и го склопувал договорот со Грција. Според него дилот за промена на името е направен многу порано, а за возврат на Заев му се ветени многу работи.

Само пред неколку дена во своето гостување на телевизија Пинк 3 Инфо во емисијата „Правац“, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ објави ексклузивна информација дека впрочем Зоран Башановиќ е главниот покровител на договорот за промена на уставното име на Република Македонија и врската помеѓу Заев и Ципрас.

-Сега имаме состојба каде, господинот Башановиќ е најплатениот советник во македонската Влада, тој наводно  е најголемиот експерт кој ја советува Македонија. Според некои неофицијални информации, тој ја организира промената на името на Македонија. Според некои неофицијални информации, тој беше главната врска, посредник и контакт помеѓу Заев и господинот Ципрас, бидејќи е пријател и со двајцата и тој е оној кој го направи овој договор кој сега го имаме со Грција кој е тотална национална катастрофа за нас,изјави Николоски во емисијата „Правац“ .

Најнови вести