вторник, 12. март 2024. Вести денес: 0
home Живот и стил

Меурчиња од милион долари: „Taste of Diamonds“ е најскапиот шампањ на светот (ФОТО)

Меурчиња од милион долари: „Taste of Diamonds“ е најскапиот шампањ на светот (ФОТО)

Чаша исполнета со меурчиња, секогаш е добредојдена – без разлика на тоа дали станува збор за некоја посебна прилика или пак едноставно сакате да уживате во овој вкусен пијалак по напорен ден.

Шампањот отсекогаш бил синоним за успех, но тој е и знак на среќа и славење и е еден од најпознатите пијалаци на богатите и славни луѓе. Звукот на отворањето на шишето на добриот шампањ понекогаш не пропушта прилика да изнуди насмевка на лицата кои се таму.

За неговата популарност кажува и фактот што некои дури произведуваат шампањи вредни милиони долари.

„Gout de Diamants“, еден од најпрестижните светски брендови за произведување луксузен шампањ го претставил најскапото шише шампањ на светот – „Taste of Diamonds“.

Пиење дијаманти од шише
Шампањот „Taste of Diamonds“ кој го креирал луксузниот дизајнер Александер Амос, моментално е најскапиот на светот со цена од 1,8 милиони долари. Ретро изгледот на шишето шампањ носталгично потсетува на изгледот на овој пијалак од бурните 20-ти години на минатиот век.

Ознаката од 18-каратно бело злато со етикета од брендот е вистинска привлечност на самото шише и го содржи името на личноста која го купува и кое е испишано со чисто злато. Спроти златната течност во внатрешноста на шишето, на амбалажата се наоѓа дијамант од 18 карати.

Овој шампањ се прави од најдоброто грозје во Франција. Светски познатиот дизајнер Амос, е британски претприемач роден во Нигерија и исто така познат е по својата креација на најскапо одело на светот кое е украсено со дијаманти и златни копчиња чија цена достигнала 129 илјади австралиски долари и е запишано во Гинисовата книга на рекорди.