вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Вечерна Богослужба и Литија утре во црквата Рождество на Пресвета Богородица во Скопје

Вечерна Богослужба и Литија утре во црквата Рождество на Пресвета Богородица во Скопје

Во предвечерието на великиот празник Рождество на Пресвета Богородица, утре (20 септемри) со почеток во 17:00 часот, ќе се отслужи Празнична вечерна богослужба во храмот посветен на Богородичното рождество во Центарот на Скопје.

Вечерната молитва ќе биде проследена со Литија околу централното градско подрачје.

Македонската православна црква – Охридска Архиепископија ги поканува сите верници и граѓани да земат молитвено учество на Вечерната богослужба и на Литијата.

На 21 септември православните верници го одбележуваат Рождеството на Пресвета Богородица.

Најнови вести