Пејачката Гоца Тржан и тапанарот Раша Новаковиќ вчера имаа важна причина за славење.
Имено, се навршуваат седум години откако си ветија вечна љубов и верност еден на друг, а овој важен датум го одбележаа со торта во форма на срце.
„Мажу мој сакан, нека ни е среќна седмата годишнина. Од срце ти честитам што ме трпеше сите овие години (вкупно 11). Те сакам, порача Гоца преку социјалните мрежи.
Да потсетиме, Тржан и Новаковиќ својата емотивна врска ја започнаа во 2011 година, а се запознаа кога тој дојде на аудиција да биде член на нејзиниот бенд.