сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Плановите за погребот на новиот крал започнале на денот на погребот на неговата мајка – ова ќе биде кодното име за неговата смрт

Плановите за погребот на новиот крал започнале на денот на погребот на неговата мајка – ова ќе биде кодното име за неговата смрт

По смррта на кралицата Елизабета Втора, на нејзино место како престолонаследник беше поставен нејзиниот син Чарлс Трети.

Со своите 73 години, тој е најстариот крунисан монарх.

По успешно организираната погребна церемонија за кралицата, Британците веќе прават план и за погребот на кралот Чарлс.

Планот за смртта на кралицата – „Операција Лондон Бриџ“ ги вклучуваше сите детали од како да се објави информацијата за нејзината смрт, периодот за официјалната жалост и деталите за нејзиниот државен погреб.

Операцијата „Лондон Бриџ“ била испланирана уште во 1960-тите, само неколку години по нејзиното крунисување.

Плановите пак за погребна церемонија на кралот Чарлс започнаа многу порано, уште на денот на погребот на неговата мајка.

Кодното име за смртта на кралот Чарлс III е „Операција Менаи бриџ“, именуван по првиот железен висечки мост во светот, што се наоѓа во Велс.