Владата и Заедницата на единиците на локалната самоуправа заедно да изнајдат прифатливо решение за надминување или ублажување на енергетската криза во училиштата, порача Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК).
-Наставата од далечина не е прифатлива опција на најзасегнатите: учениците, родителите и наставниците, велат од СОНК.
Реакцијата на СОНК доаѓа по предлози на одредени градоначалници до министерството и ЗЕЛС, за кој сеуште не одлучила Владата.
Имаше предлози зимскиот распуст да трае два месеци, изгубената настава да се надокнади онлај ,учебната година да продолжи до 30 јуни, а идната да започне на 15 август.