Иницијативата „НаТочак“ денеска ќе ја одбележи 10-годишнината од формирањето и по тој повод организира возење велосипед на улиците во Скопје по рута долга 6,5 километри.
Стартот за велосипедистите ќе биде во 11 часот од плоштад Македонија, а ќе заврши во МКЦ во 12 часот со традиционалното кревање на точаци, ДЈ сет со ДЈ Флудер, проекција на филмови за урбан велосипедизам и со изложба на 90 постери во соработка со МКЦ, главно од македонски дизајнери кои изминатата деценија оставиле свој визуелен белег на настанот „Критична маса“ и придонеле во ширењето на пораките на „НаТочак“.
Од иницијативата информираат дека изминатиот период ја потсетиле јавноста за тоа што е постигнато во последната деценија за унапредување на условите за велосипедистите. (МИА)