Синот на пејачот Шабан Шаулиќ, Михајло Шаулиќ и неговата избраничка Марина Велимировиќ организираа гала прослава по повод нивната венчавка.
На свадбата на неговиот син се појавија бројни колеги на покојниот Шабан Шаулиќ.
Она што го привлече вниманието на сите е сликата од свадбата на Михајло и Марина. Имено, на Инстаграм се појави фотографија од шише во кое има ракија, а на неа е ликот на покојниот Шабан.
Семејството сакаше да има шише од овој жесток пијалок со фотографијата на Шабан на секоја маса, за да се почувствува неговото присуство. Покрај Шабан, на шишето се најде и Миленко Костиќ Коле, неговиот кум, кому дури и му посвети песна.