вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

10 совети како да штедиш електрична енергија во домаќинството

10 совети како да штедиш електрична енергија во домаќинството

Почетокот на есенската сезона е период во кој најчесто сме изложени на поголеми финансиски издатоци во семејството и домаќинството. Децата и младите се враќаат во училиште или на факултет, потребна е нова топла облека за студените денови кои доаѓаат, а со стартот на грејната сезона се зголемуваат и месечните сметки за струја.

Кога станува збор за потрошувачката на струја во домот постојат мали и едноставни начини со кои можеме истата да ја намалиме и со тоа да ги намалиме и трошоците. Ти претставуваме 10 совети за заштеда на електрична енергија дома:

  1. Загревај ги само просториите во кои престојуваш ти и останатите членови на семејството. Затворете ги вентилите на радијаторите во собите што не се користат.
  2. Загревањето на вода во домот е втор по големина потрошувач на електрична енергија. Затоа не го оставај бојлерот постојано вклучен, а водата загревај ја непосредно пред користење или преку ноќ, кога струјата е евтина. Дополнително можеш и да го намалиш притисокот на топлата вода во тушот или чешмата, или пак да ја намалиш температурата на загревање.
  3. Користи светилки со економична потрошувачка кои трошат 3 до 4 пати помалку, а траат 15 пати подолго. Кај дел од светилките можеш да поставиш и сензори за светло со кои истите ќе се палат при движење.
  4. Доколку отсуствуваш од дома повеќе од еден ден најдобро е да ги исклучиш од струја телевизорот и дигиталниот приемник бидејќи овие уреди трошат струја дури и кога се исклучени.
  5. Провери го термостатот на фрижидерот. Тој најефикасно работи кога температурата е поставена меѓу 3 и 5 степени, а замрзнувачот на 0 степени целзиусови.
  6. Не го поставувај фрижидерот во близина на извори на топлина. Во таквите случаи ќе му биде потребно многу повеќе време за да ја постигне потребната температура, а со тоа ќе потроши и повеќе електрична енергија.
  7. При готвење поклопувај ги садовите со капак. Така ќе ја задржиш топлината во садот при што храната побрзо ќе се зготви, а истовремено ќе биде и повкусна.
  8. Машините за перење алишта и садови користи ги само откако целосно ќе ги наполниш, и пуштај ги да работат во часовите/деновите кога струјата е евтина.
  9. Користи ги програмите за перење алишта со пониска температура. Најголемиот дел од алиштата може да се исперат и со ладна вода, а на овој начин ќе ги заштитиш и ткаенините.

Постави изолациски ленти на вратите и прозорците, а доколку си во можност вложи во целосната изолација на станбена единица.

Кога станува збор за менаџирање на домашниот буџет и високите трошоци за електрична енергија во есенскиот/зимскиот период, сметките за струја можеш да ги плаќаш на рати со Diners Club на evnoline.mk, во ЕВН салоните и ЕВН киоск уредите. На овој начин можеш да си ги олесниш плаќањата во месеците кога сметките се повисоки и оптимално да го распределиш домашниот буџет според потребите.

Дознај повеќе за сите предности и поволности кои ти ги нуди Diners Club и аплицирај на diners.mk