Примислав Димовски е сменет од началник на Единицата за интервентна полиција, дознава Фокус.
-Според нашите информации тој е деградиран и поставен за советник за сообраќај, пишува порталот.
Се очекува одговор од Министерството за внатрешни работи зошто Димовски е сменет и кој ќе биде на негово место.
Димовски беше командант на Единицата за прв одговор и интервенција „Алфи“, а во 2019 година беше назначен за началник на новата Единица на интервентна полиција.