Нема крај на изненедувањата во нашата политика – според медиумите пратеникот од редовите на СДСМ, Зеќир Рамчиловиќ, добил амбиција да го замени Оливер Спасовски на позицијата Министер за внатрешни работи.
Порталот на албански јазик, Топ 24, пишува дека поради внатрешен притисок во партијата, се очекува Оливер Спасовски да си поднесе оставка.
Неодамна Рамчиловиќ беше избран за амбасадор во Црна Гора.
Инаку, Рамчиловиќ е познат како еден од осумтемина пратеници кои го напуштија ВМРО-ДПМНЕ и гласаа за уставни измени за промена на името. Потоа тој доби пратеничко место од СДСМ.