петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

ПОРАКА ИСПРАТЕНА ДО ЦЕЛИОТ СВЕТ: Каква симболика крие новиот портрет на британското кралско семејство?

ПОРАКА ИСПРАТЕНА ДО ЦЕЛИОТ СВЕТ: Каква симболика крие новиот портрет на британското кралско семејство?

На профилите на британското кралско семејство осамна новиот официјален портрет на кралот Чарлс и кралицата Камила со принцот и принцезата од Велс, Вилијам и Кејт. Портретот е направен во Бекингамската палата ден пред погребот на кралицата Елизабета Втора.

„Нивното Височество кралот и кралицата со кралското Височество принцот и принцезата од Велс. Снимено во Бекингамската палата на 18 септември, снимил Крис Џексон“ – стои во описот на фотографијата која за помалку од 24 часа од објавата собра над 700 илјади лајкови на Инстаграм.

На фотографијата двете двојки изгледаат опуштено, се смеат, а кралот ја држи раката во џебот. Непосредно по снимањето на оваа фоптографија, членовите на кралското семејство одржаа прием за светските челници кои дојдоа во Лондон за погребот на кралицата. Зад нив на фотографијата се наоѓа портретот на кралот Џорџ Трети, кој ја купил Бекингамската палата со намера да му стане засолниште.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Royal Family (@theroyalfamily)

„Сликата сугерира дека можеби се уште постојат моменти во кои кралското семејство може да се повлече од должноста“ – пишуваат британските медиуми и додаваат дека ова е фотогрфија која го симболизира почетокот на владеењето на кралот Чарлс.

„Овде го гледаме владењето кое го замислил кралот Чарлс Трети, она во кое историјата и династијата мора да се сочуваат. Но, со нов стил на неформална грациозност која се темели на вистинските семејни вредности. Тоа е „мешано“ семејство, во чекор со времето“ – истакнуваат британските аналитичари.

Се нагласува и тоа дека оваа фотографија ја покажува „смалената монархија на Чарлс на дело“. Имено, новиот крал веќе со години се залага за тоа само мал број на членови на најтесното кралско семејство да биде финансиран од јавниот буџет.

Многумина во фотографијата наоѓаат и одредена симболика.

„Ова е минато и иднина на нашата монархија“ – пишуваат оние кои се воодушевени од потегот на кралската палата.

Најголемо внимание сепак, привлекол фактот дека на фотографијата го нема вториот син на Чарлс, принцот Хари и неговата сопруга Меган. Во коментарите затоа често се сретнува поимот „The Fab Four“, односно „фантастичната четворка“. Овој прекар Британците првично го користеа за Хари, меган, Вилијам и Кејт, додека не дојде до заладување на односите меѓу браќата. Сега со тоа име ги нарекуваат Чарлс и Камила и Вилијам и Кејт.

Хари и Меган дури не биле повикани ни на приемот за светските челници.

„Денес се формира нов Fab Four.Овој пат ги имаме Чарлс и неговата поддршка Камила. Ќе ги поддржуваат Кејт и Вилијам. Пораката е јасна – шоуто продолжува“ – заклучува весникот Дејли мејл.

Најнови вести