четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Бислимовски уверува дека скопјани од 15 октомври ќе имаат парно греење

Бислимовски уверува дека скопјани од 15 октомври ќе имаат парно греење

По повеќенеделни преговори ЕСМ и Адора се договорија – топланите „Исток“ и „Запад“ ќе бидат под закуп до 30 април догодина.

Закупнината, според договорот, за целата грејна сезона ќе чини 390.000 евра. Со ова Електрани го презема работењето на БЕГ и ќе произведува топлинска енергија.

За официјализирање на процедурата на ЕСМ ѝ останува да ги достави потребните документи до Регулаторна за да ја добие лиценцата. Оттаму за Канал 5 велат дека постапката е веќе започната и дека, меѓудругото, полека се комплетира и преземањето на вработените од БЕГ, согласно систематизацијата на кадарот, како и подготовката на производствените капацитети.

Првиот човек на Регулаторна вели дека во најбрз рок ќе биде доделена лиценцата и дека нема никаква посериозна пречка скопјани на 15. октомври да се разбудат со топли радијатори.

Од менаџментот на „Адора“ соопштија дека закупот ќе ѝ создаде дополнителен трошок од 550.000 евра, но добиле цврсти гаранции од ЕСМ дека ако достават понуда за купопродажба на топланите ќе им бидат исплатени сите долгови. За ова премиерот Димитар Ковачевски посочи дека ќе се прават дополнителни анализи.

Освен топланите, и ТЕ-ТО треба зимово да ги снабдува граѓаните со топлинска енергија но се уште нема завршница од преговорите. Неизвесно е и каде и по која цена државата ќе набави гас, за кој ЕСМ има на располагање 18 милиони евра.

Најнови вести