Српската пејачка Ана Николиќ не престанува да ја шокира јавноста низ целиот регион, а особено во домашната земја Србија.
Овој пат повторно е во центарот на вниманието поради нејзиното однесување на една роденденска забава каде беше поканета како гостинка.
Таа на роденденот се фати за микрофонот и сакаше да отпее неколку песни, но тоа не и појде од рака, па потоа проба да ја изведе песната од Цеца „Пиле“, па настанал вистински хаос.
Таа го грешела текстот, неколку пати паузирала и правела гримаси што ги снимаа сите гости, а во еден момент додека ги пеела познатите зборови „moje suze prema tebi padaju“, на собраните гости им порача дека повеќе нема солзи, крај, „end“, гасите камери, им порача Николиќ кога забележала дека останатите гости на снимаат.
View this post on Instagram
Откако потоа испи уште неколку пијачки на славеникот започна да му пее, а потоа се откажала и рекла дека повеќе не може да пее, пренесуваат српските медиуми.