Германскиот гигант за спортска облека „Адидас“ соопшти дека службено го преиспитува своето партнерство со Кање Вест, откако американската рап-ѕвезда јавно го критикуваше брендот.
– По повеќекратни напори за приватно решавање на состојбата, донесовме одлука да ја ставиме соработката на деловно разгледување, се вели во соопштението на компанијата.
Инаку раперот деновиве е повторно актуелен со свои контраверзни пораки и јавни настапи, коишто многумина ги толкуваат како намерни провокации. (МИА)