четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ристески: Условите во студентскиот дом Стив Наумов се катастрофални, поплави во собите, руинирани ходници, ниски температури и непријатна миризба

Ристески: Условите во студентскиот дом Стив Наумов се катастрофални, поплави во собите, руинирани ходници, ниски температури и непријатна миризба

Пред два дена на инстаграм профилот на студентскиот дом Стив Наумов се појавија објави за условите во студентскиот дом, рече на денешната прес-конференција Илија Ристески од ВМРО-ДПМНЕ.

-Имено, администраторот на инстаграм профилот објави дека на социјалните медиуми се шират лаги и невистини, дека условите според него не биле хорор, туку цитирам „Уште еднаш, многу добронамерна порака до сите кој шират лаги, не ги плашете студентите особено бруцошите дека во Стив Наумов е хорор и не знаеме што. Пак ќе кажеме не е сјајно и идеално, но условите се сосема во ред“, поради оваа неславна објава од тука сакам да поставам неколку прашања до администраторот на страната: Дали поплави во собите според него е состојба која е сосема во ред? Дали руинираните ходници, ниските температури и непријатната миризба според него е состојба која е сосема во ред? Дали администраторот на инстаграм профилот на студентскиот дом Стив Наумов е братот на екс-потпретседателката на СДММ Ана Манасиева? Праша Ристески.

И за крај дали состојбата која според него е сосема во ред ја заклучи седејќи во комфорните услови на Бихаќка? Додаде тој.

Најнови вести