петок, 1. март 2024. Вести денес: 0
home Познати

МАЖИТЕ ЛУДУВАА ПО НЕА! Ја глумеше фаталната заводничка, а еве како таа изгледа денес (ФОТО)

МАЖИТЕ ЛУДУВАА ПО НЕА! Ја глумеше фаталната заводничка, а еве како таа изгледа денес (ФОТО)

Актерката Барбара Мори ја запознавме со улогата во серијата „Руби“, која порано се емитуваше на нашите простори.

Во тоа време Барбара маестрално ја играше улогата на фатална и зла заводничка, а за многумина мислењето на главниот лик Руби беше на границата меѓу љубовта и омразата.

Денес „Руби“ има 44 години, а вистинскиот живот, исто како и нејзиниот фиктивен, не ја разгалил. Преживеала рак на дојка, а борбата не и била воопшто лесна.

– Многу е тешко да се каже: ‘Да, имав рак’. Господ, поради некоја причина, ме стави на тест и успешно го поминав. Се борев со болеста, го победив ракот и продолжувам понатаму – изјави во една прилика за медиумите.

Што се однесува до љубовниот живот на Барбара, актерката беше во брак со Кенет Реј Сигман, американски бејзбол играч. Меѓутоа, таа романса не траела, па после една година решиле дека е време за развод.

Како што пренесуваат странските медиуми, славната Руби моментално е во врска со мексиканскиот режисер Фернандо Ровзар, а и самата актерка „цвета“ од среќа. Тоа може да се види од нејзините фотографии на Инстаграм, каде Барбара на 44 години изгледа поубаво од било кога.

Најнови вести