четврток, 21. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Теа Таировиќ уапсена со 70.000 евра: Сакала да оди во шопинг со оваа сума, а заврши во полициска станица – еве од каде ги земала парите

Теа Таировиќ уапсена со 70.000 евра: Сакала да оди во шопинг со оваа сума, а заврши во полициска станица – еве од каде ги земала парите

Теа Таировиќ во раните утрински часови беше задржана на аеродромот во Хамбург заедно со уште неколку музичари. Според неофицијални информации, двајца музичари кои биле со пејачката се ослободени, додека Таировиќ е приведена.

Пејачката била приведена, како што пишуваат српските медиуми, од финансиската полиција, бидејќи со себе наводно имала околу 70.000 евра, а приведени се и неколку нејзини колеги.

-Работела во Бугарија, а парите што ги добивала за бакшиш ги носела со себе во Германија, мислејќи дека ќе си купи нешто во шопинг бидејќи работела два дена, петок и сабота во Хановер и Хамбург, дознаваат медиумите од извор близок до пејачката.

Како што се шпекулира, постои можност на пејачката да и биде забранет влез во Германија до понатамошно известување, но и на нејзините колеги кои се најдоа на списокот на приведени. Не се познати сите имиња на забавувачите кои беа изведени, а засега е познато само името на Теа.

Најнови вести