Три пати пониско од просекот за октомври е нивото на реката Брегалница кај Берово, покажува денешното хидролошко мерење на УХМР.
Намалени водостои имаат и реката Лепенец кај Скопје, Пчиња кај Пелинце, Крива Река кај Крива Паланка, Струмица кај Ново Село, Треска кај Македонски Брод и Сатеска кај Ботун.
Според хиролошките мерења над просекот за октомври е нивото на Брегалница кај Штип, Вардар кај Јегуновце, Струмица кај Сушево и Црна Дрим кај Ложани.
Кај природните езера водостојот е во рамки на октомврискиот просек. Измерената температура на водата на Охридското Езеро е 17,5 степени, на Преспанското Езеро е 16 степени, а на Дојранското Езеро 24,6 степени.