вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

ТАЖНА ВЕСТ: Почина славниот актер од Хари Потер

ТАЖНА ВЕСТ: Почина славниот актер од Хари Потер

Шкотскиот актер Роби Колтрејн, кој го играше омилениот лик Хагрид во екранизацијата на „Хари Потер“, почина на 73-годишна возраст, јавува „Би-би-си“.

Во соопштението, неговата агентка Белинда Рајт потврди дека актерот починал во болница во близина на Фалкирк, Шкотска и замоли да се почитува приватноста на неговото семејство.

Со улогата на чувар на клучевите и поседите во Хогвортс, тој стана популарен ширум светот и заработи милиони. Исто така, се појави во детективската драма на ИТВ „Cracker“ и во филмовите за Џејмс Бонд „Златно око“и „Светот не е доволен“.

Многу обожаватели на Хари Потер беа шокирани кога актерот минатата година се појави во инвалидска количка на телевизиски специјален јубилеј по повод 20-годишнината.

Најнови вести