Во новиот холивудски хит филм „Ticket to Paradise“ легендарното актерско дуо Џорџ Клуни и Џулија Робертс играат разведен пар кој се здружува за да ја спречи нивната ќерка да се омажи. И ништо не би било чудно да не ја снимале сцената каде што требало да се бакнат шест месеци!
– Да, и кажав на сопругата Амал. Ја снимавме таа сцена 80 пати, тоа и го кажав. На тоа таа реагираше со зборовите – Како, побогу, објасни Клуни.
Секако, веднаш се огласи и Џулија Робертс која објасни што се случувало.
– Се смеевме првите 79 пати, а потоа по 80-ти пат конечно се бакнавме, рекла актерката, а Џорџ се надоврзал на тоа:
– Па, моравме да го направиме тоа како што треба, заклучил тој.
Сепак, се чини дека тоа воопшто не и пречеше на жешката адвокатка, бидејќи сите тројца се појавија заедно на годишната гала свеченост во Музејот на филмот во Лос Анџелес.